Утрински Весник
Свет

Трамп ја откажа конвенцијата поради коронавирусот

Трамп ја откажа конвенцијата поради коронавирусот

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа конвенцијата на Републиканската партија во Флорида поради пандемијата на коронавирус. Таа требаше да се одржи следниот месец, но Трамп ја откажа на денот кога бројот на заразените во САД надминува четири милиони.

„Не е време за тоа“, рече Трамп, додавајќи дека ќе одржи говор, но во друга форма, пренесува „Би-би-си“.

Тој на брифинг во Белата куќа рече дека главната причина за таквата одлука е безбедноста.

Шерифoт Џексонвил предупреди претходно оваа недела дека градот не е подготвен за ваков собир.

Настанот првично требаше да се одржи во Шарлота, Северна Каролина, но беше преместен откако таа држава воведе мерки за социјално растојание.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп изјави дека сака трајно да ја запре миграцијата од посиромашните земји во САД

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки