Утрински Весник
Свет

Кина нареди затворање на американски конзулат

Кина нареди затворање на американски конзулат

Кина нареди затворање на американскиот конзулат во југозападниот град Ченгду, во најновата ескалација на односите меѓу двете земји.

Кина вели дека овој потег е „неопходен одговор“ на Соединетите држави, кои наредија Кина да го затвори својот конзулат во Хјустон на почетокот од оваа недела.

Државниот секретар, Мајк Помпео, рече дека американската одлука е донесена затоа што Кина краде интелектуална сопственост.

Тензиите меѓу САД и Кина се зголемуваат околу неколку клучни проблеми, потсетува Би-Би-Си.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп има чести судири со Пекинг во врска со трговијата и пандемијата на коронавирус, како и околу воведувањето на контроверзниот закон за безбедност во Хонг Конг.

Американскиот конзулат во Ченгду, кој е основан во 1985 година и во моментот има повеќе од 200 вработени, е стратешки важен заради неговата близина до автономниот регион Тибет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Четворица јапонски војници повредени во експлозија во американска воена база во јужна Јапонија

Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји

Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година