Утрински Весник
Свет

Во Австралија војската ќе ги испрашува заразените за нивните контакти

Во Австралија војската ќе ги испрашува заразените за нивните контакти

Австралиската сојузна држава Викторија ќе ја испрати армијата за да ги испита лицата кои биле позитивни на коронавирусот, а кои не одговориле на телефонските повици на здравствените власти, со цел да се започне набудување на луѓето со кои тие биле во контакт, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Во Австралија, во текот на претходниот ден се регистрирани шест нови смртни случаи како последица на Ковид-19, што е рекорден број од почетокот на пандемијата.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека припадниците на армијата ќе бидат испратени во домовите на лицата заразени со корона, кои не одговориле по телефон, со цел тие да бидат сослушани за нивните контакти.

„Ако овие луѓе не ја отворат вратата, ќе бидат казнети“, потврди премиерот.

Поради влошената епидемиолошка состојба во Мелбурн, австралиската држава Викторија воведе делумни карантински мерки за период од шест недели, како и задолжително носење на маски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници