Утрински Весник
Свет

Тајланд: Илјадници млади протестираат и покрај забраната

Тајланд: Илјадници млади протестираат и покрај забраната

Држејќи пораки на нивните таблети и мавтајќи со „факели“ од мобилните телефони, стотици млади демонстранти бараат оставка на тајландската влада.

Демонстрациите се одржаа и покрај забраната за собири поради коронавирусот.

Мрежа студентски групи наречена „Слободна младина“ ги здружи силите во предградието на Бангкок и изрази бројни поплаки против едногодишната цивилна влада на премиерот Прајут Чаноча, поранешен началник на војската, кој ја собори избраната влада пред шест години, објави „Ројтерс“.

И покрај тоа што официјалните лица предупредуваа дека митингот е нелегален поради кршењето на забраната за собирање поради коронавирусот, немаше видливо присуство на полицијата во близина на ноќниот митинг каде многумина држеа три прста во воздухот, што стана симбол на протестот.

Митинзите следуваа по протестот во Бангкок каде беа присутни околу 2.500 луѓе, на една од најголемите улични демонстрации од државниот удар во 2014 година, кога беше соборена последната избрана администрација.

Тајланд ќе ја продолжи вонредната состојба до крајот на август, но Советот за национална безбедност соопшти дека декретот ќе се користи само за сузбивање на епидемијата на вирусот, а не за демонстрации. Досега немало апсења на протестите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД

Најмалку 93 лица го загубија животот во одрони и свлечишта во Индија, 250 лица се спасени