Утрински Весник
Магазин

(Видео)Топ 10 најгледани оригинални филмови на „Нетфликс“

(Видео)Топ 10 најгледани оригинални филмови на „Нетфликс“

Стриминг-платформата „Нетфликс“ ги објави своите оригинални филмови со најдобри перформанси, при што Extraction го зазема првото место со 99 милони корисници од цел свет  кои го гледале филмот во првите четири недели од неговото излегување, потоа следат Bird Box, Spenser Confidial и 6 Underground.

Kомпанијата во минатото не откриваше статистика за гледаноста, а од неодамна започна да споделува некои податоци во форма на квартални финансиски резултати. Овој пат, ги објави своите 10 најпопуларни оригинални филмови.

Следнава листа го покажува бројот на прегледи во првите четири недели по нивното излегување односно по премиерното прикажување на стрим-платформата: 1. „Екстракција“ – 99 милиони прегледи, 2. „Птичја кутија“ – 89 милиони прегледи, 3. „Спенсер доверливо“ – 85 милиони прегледи, 4. „Шесто подземје“ – 83 милиони прегледи, 5. „Мистериозно убиство“ – 83 милиони прегледи, 6. „Ирецот“ – 64 милиони прегледи, 7. „Тројна граница“ – 63 милиони прегледи, 8. „Погрешната девојка“ – 59 милиони прегледи, 9. „Платформата“ – 56 милиони и 10. „Совршен состанок“ – 55 милиони прегледи.

На листата постои жанровски диверзитет, при што четирите најгледани се акциони / трилери со актери како Крис Хемсворт, Сандра Булок, Марк Волберг и Рајан Рејнолдс. Исто така, има три комедии, како и драма („Ирецот“).

Имајќи предвид дека од почетокот на 2019 година „Нетфликс“ стекна 43.6 милиони корисници, секое ново издание веројатно ќе го гледаат повеќе луѓе отколку претходните филмови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тие се незаборавни, но исцрпувачки партнери: Четири знаци кои не знаат да живеат мирно

Тело какво што секој би посакал: Наташа Беквалац покажа колку е згодна

Тим од десетина професионалци, врвна опрема и артистични сцени – Лара Иванова за прв пат објавува серијал од четири нови песни и видео записи