Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Подгорица наложени ригорозни контроли за примена на мерките

Нова мерка во Црна Гора: самоизолација од 21 ден по контакт со заболен
300x250 opst2

Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора ја продолжи примената на мерките против ширењето на коронавирусот во Подгорица за уште седум дена.

Исто така, надлежните инспекциски служби се задолжени веднаш да започнат со спроведување на строги контроли за усогласеност со пропишаните мерки, пренесува „Вијести“.

Мерките, кои беа воведени пред една недела, вклучуваат носење заштитни маски во затворено и на отворено, вклучително и за деца на возраст над седум години.

Маските се задолжителни во возилата за јавен превоз и во возила за сопствени потреби што се користат за превоз на вработени, како и во патничките автомобили, освен за членовите на истото семејство, потесетуваат црногорските медиуми.

Собирањето граѓани на отворено јавно место е ограничено на 40 лица, а на затворено на 20 лица, со обврска да го почитуваат физичкото растојание од најмалку два метра и да носат заштитни маски.

Пропишани се и посебни превентивни мерки за угостителските објекти, спортски сали и фитнес центри.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп