Утрински Весник
Свет

Шведски научници: Земјата не успеа во борбата против Ковид-19

Шведска сепак воведува мерки против коронавирусот

Шведскиот пристап во борбата против Ковид-19 не успеа. Мислењето дека стекнувањето на колективен имунитет ќе го запре вирусот, очигледно не функционира, заклучиле 25 шведски лекари и научници, пренесува Ју-ес тудеј.

Шведска го привлече вниманието поради мекиот пристап против вирусот – нема реситриктивни мерки и ограничувањата и носењето маска се само препораки.

„Овој пристап е либерален, а за време на протестите во САД можеа да се видат пароли „Да бидеме како Шведска“, иако беше јасно дека каде и да беа применети поблаги мерки, стапката на смртност беше повисока“, пишува Ју-ес тудеј.

Мотивите за одлуката на Шведската агенција за јавно здравје и денеска се делумно мистерија. Некои земји кои се одлучија за истиот пристап, се откажаа од неа затоа што бројот на смртни случаи се зголемуваше, но Шведска остана верна на својот модел – а прашањето е зошто?

За една држава да се здобие со колективен имунитет, треба да се зарази голем дел од населението, по можност помлади лица.

Сепак, ова не беше официјална цел на Шведската агенција за јавно здравје, но официјално беше соопштено јавно дека овој вид имунитет може да помогне во сузбивање на ширењето на болеста, така што сè укажува на тоа дека тоа било целта што Агенцијата сакаше да ја постигне.

Друг доказ како поддршка на ова е дека агенцијата инсистира на задолжително школување на деца од пониските одделенија, дека веќе подолго време ја минимизира важноста на тестирањето и дека одбива да ја признае важноста на асимптоматското ширење на вирусот.

Оваа јавна здравствена установа сè уште не препорачува да се носат маски во јавноста, и покрај сите докази за нивната ефикасност.

Според Агенцијата, се проценува дека помалку од 10% од Швеѓаните имаат антитела на вирусот, така што идејата за имунитет на стадото не успеа.

Ју-ес тудеј наведува дека бројот на смртни случаи во Шведска е поголем отколку во САД – на 20 јули имало 556 смртни случаи на милион жители, а во САД 425.

Во оваа земја, починаа четири пати повеќе луѓе отколку во сите други нордиски земји заедно, а веќе неколку недели Шведска е меѓу водечките земји во светот кога станува збор за стапката на смртност.

И покрај сето ова, стратегијата останува де факто иста.

„Во Шведска, оваа стратегија доведе до смрт, страдање и тага и нема индикации дека националната економија помина подобро отколку во другите земји. Во моментов, ние само му дадовме пример на светот како не треба да се бори против смртоносната заразна болест. Се надеваме дека вакцината ќе биде откриена наскоро, а дотогаш не ја применувајте шведската стратегија“, рекоа шведските научници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години