Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Лацио се специјалисти за „2 во 1“, така го средија и Каљари (видео)

Лацио се специјалисти за „2 во 1“, така го средија и Каљари (видео)
300x250 opst2

Калчолигашот Лацио одново со пресврт успеа да слави победа во дуелот со Каљари и на тој начин да ја прекине серијата од 5 меча без триумф.

По 90 минути на семафорот на „Олимпико“ стоеше 2-1.

Уште во втората минута се затресе мрежата на домашниот голман Стракоша. Жоао Педро постигна феноменален гол од 25 метри, ама истиот беше поништен затоа што се работеше за индиректен удар.

Сепак гостите од Сардинија имаа водство од 0-1 по првите 45 минути со голот на Симеоне во последните моменти од првиот дел.

Сепак „небесносините“ по само 2 минути во вториот дел со прекрасниот погодок на Милинковиќ Савиќ во аголот на противничкиот гол го врати резултатот егал 1-1.

Најдобриот стрелец на тимот, Имобиле во 60 минута со погодокот направи целосен пресврт и воедно пак се врати на врвот на листата на стрелци сезонава во Серија А.

Лацио е четвти на табелата во Серија А, со 72 бода, еден помалку од Интер на третата и два бода минус од второпласираната Аталанта.

Каљари е на средината на табелата.

Интересен е податокот дека Лацио на 9 меча по рестартот на сезоната во Серија А има дури пет победи, односно порази со пресврт:
24.06.2020 – пресврт пораз нагости од Аталанта
27.06.2020 – пресврт победа дома против Фиорентина
30.06.2020 – пресврт победа нагости кај Торино
11.07.2020 – пресврт пораз дома од Сасуоло
23.07.2020 – пресврт победа дома со Каљари

> Лацио се специјалисти за „2 во 1“, така го средија и Каљари (.) <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона