Утрински Весник
Спорт

Несторовски и Фофана ја сопнаа „Старата дама“ на патот до титулата

Несторовски и Фофана ја сопнаа „Старата дама“ на патот до титулата

Со триумф нагости кај Удинезе вечерва, Јувентус уште вечерва ќе ја прославеше новата деветта титула во Серија А, во низа. Сепак, на „Старата дама“ и се испречија Македонецот Илија Несторовски и Секо Фофана.

Нестор-гол постигна гол за Удинезе во 52 минута, за во тој момент реми со лидерот на табелата, 1-1.

Сите три бода во Удине ги остави Секо Фофана со голот во 92 минута со што речиси го обезбеди опстанокот на својата екипа на 3 кола пред крајот.

А првиот дел навестуваше поинаков расплет. Со голот на дефанзивецот Де Лихт од 42 минута, Јуве водеше со 1-0 на мечот.

Промоцијата на екипата од Торино во шампион е одложена најмалку до следниот меч, а Удинезе и Несторовски со голема веројатност и следната сезона ќе се натпреваруваат во елитата во Италија.

> Несторовски и Фофана ја сопнаа „Старата дама“ на патот до титулата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари