Утрински Весник
Свет

По 86 години во Аја Софија ќе се слушне муслиманска молитва

По 86 години во Аја Софија ќе се слушне муслиманска молитва

Турција денеска назначи тројца имами за Аја Софија, пред првата молитва во тој објект по 86 години.

Утре ќе биде одржана првата муслиманска молитва во Аја Софија, откако од музеј повторно е преиначена во џамија. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така треба да присуствува на молитвата.

Министерот за верски работи во Турција, Али Ербас, назначи тројца имами кои ќе ги водат молитвите во возобновената џамија.

Ербас за Аја Софија назначи и петмина верски лица кои од врвот на минарето ги повикуваат муслиманите на молитва.

Надвор од Аја Софија властите ги одбележаа местата каде на утрешната молитва ќе бидат мажите, а каде жените, а како што е најавено, настанот ќе биде обезбеднуван од 17.000 службени лица.

Во пресрет на утрешната молитва, неколку патишта до објектот се блокирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години