Утрински Весник
Свет

Властите во Мадрид препорачуваат граѓаните да носат маски и во своите домови

Властите во Мадрид препорачуваат граѓаните да носат маски и во своите домови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Официјален претставник од мадридскиот регион препорача граѓаните да носат маски и во своите домови ако во нив има луѓе со кои не живеат постојано.

Шпанија веќе има најстроги правила во Европа за носење маски.

Во Мадрид, тие се задолжителни секаде на јавни места, освен ако не сте на отворено и може да одржувате растојание од 1,5 метри.

Во повеќето делови на земјата, тие мора да се носат во јавност без оглед на расотјанието, но не постојат правила за нивно носење по домовите.

„Препорачуваме, како мерка на претпазливост, маските да се носат и во приватни простории кога ќе седите со луѓе со кои не живеете“, рече Енрике Руиз Ескудеро, шеф на здравствените служби во регионот на Мадрид, на прес-конференција, но призна дека нема начин властите да го следат почитувањето на таа препорака.

„Сметаме дека е важно затоа што повеќето кластери произлегуваат од семејни и пријателски собири или прослави на кои се собираат луѓе што не живеат заедно“, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони