Утрински Весник
Свет

Зголемениот број на новозаразени лица во Австрија го поврзуваат со Западен Балкан

Зголемениот број на новозаразени лица во Австрија го поврзуваат со Западен Балкан

Во последните 24 час во Австрија е забележан нов значителен скок на новозаразени лица, со 170 нови случаи на коронавирус.

Само во Виена се регистрирани 63 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 50 во Горна Австрија.

Многу случаи се поврзани со враќањето на граѓаните од Западен Балкан.

Така, само во градот Салцбург, сите осум новорегистрирани случаи се поврзани со враќање на лица кои престојувале во земјите од Западен Балкан.

Во Австрија моментно има 1.384 активни заболени, од кои 102 се хоспитализирани и 15 се на интензивна нега.

Вкупно, во изминатите 24 часа биле спроведени 11.250 тестови.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 20.043 лица биле позитивно тестирани за коронавирус, а 17.943 се излечиле.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Можно е Унгарија да го прекине извозот на струја и гас во Украина ако Киев продолжи да не испорачува нафта преку „Дружба“

Иран и Русија ја завршија заедничката поморска вежба

Стармер и кралот Чарлс по приведувањето на поранешниот принц Ендру: Никој не е над законот