Утрински Весник
Свет

Кина за првпат лансираше ровер, на Марс ќе пристигне следната година

Кина за првпат лансираше ровер, на Марс ќе пристигне следната година

Кина ја започна својата прва мисија со ровер што го испрати на Марс за да ја истражи геологијата на таа планета.

Роботот со шест тркала е лансиран од вселенската станица Венчанг, а во орбитата на Марс треба да пристигне во февруари следната година, јавува „Би-би-си“.

По пристигнувањето роверот нема да слета на површината на Марс уште два до три месеци, што ќе им овозможи на инженерите да ги проценат атмосферските услови на Марс пред да започнат со спуштање.

Роверот ќе слета северно од екваторот на Марс, а неговата задача е да ја проучи геологијата на тој дел од планетата на и под површината.

Кинескиот ровер тежи околу 240 килограми и го движат склопливи соларни панели.

Има камери за снимање и помош за навигација – пет дополнителни инструменти ќе помогнат да се процени составот на карпите.

Ова е една од трите мисии кои одат на Марс во растојание од 11 дена. Обединетите Арапски Емирати го лансираа својот сателит пред три дена, а за една недела, НАСА ќе го испрати на Марс својот ровер од новата генерација.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд