Утрински Весник
Свет

Во Русија заразени над 700.000 лица, а излечени се над 500.000 пациенти

Русија ја заврши првата фаза на испитувањата на вакцина против Ковид-19

Во Русија, потврдени се 5.848 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, со што вкупниот број заразени достигна 795.038 лица.

Рускиот центар за контрола и превенција на коронавирус соопшти дека 147 лица ја изгубиле битката со Ковид-19 во истиот период.

Во соопштението се вели дека вкупниот број на починати се искачил на 12.892, а во изминатиот ден се излечени уште 8.277 лица кои биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројот на излечени достигна 580.330 лица.

Стапката на раст на новозаразени на дневна основа е 0,7 проценти, а 27,7 нови случаи се асимптоматски пациенти.

Службата за јавно здравје соопшти дека биле извршени 296.000 тестови во изминатиот ден, а над 26 милиони тестови се направени од почетокот на епидемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ким Џонг-ун се сретна со Шојгу во Пјонгјанг

Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали нуклеарна бомба

Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток