Кијану Ривс, во коментар за третото продолжение на комедијата-научна фантастика „Бил и Тед“, рече дека новиот филм го задржува истиот шарм како и оригиналниот.
Нешто повеќе од 30 години по „Одличната авантура“ на двајцата рокери кои патуваат низ времето, Кијану Ривс и Алекс Винтер се враќаат како насловни ликови во Bill & Ted Face the Music, кој Ривс неодамна го опиша како независен филм.
Фановите речиси три децении чекаат ново продолжение на „Одличната авантура на Бил и Тед“ од 1989 година и „Патувањето на Били Тед“ од 1991 година. После неколку години доцнење и одложени премиери, филмот конечно пристигнува на 28 август, а Ривс и Винтер дадоа свои коментари во интервју за „Тотал филм“ фрлајќи нова светлина на приказната за двајцата рокери.
Откако им било кажано дека ќе го спасат универзумот за време на авантура со патување низ времето, Бил (Алекс Винтер) и Тед (Кијану Ривс) се наоѓаат како средовечни татковци кои се уште се обидуваат да извадат хит песна и да ја исполнат својата судбина.