Утрински Весник
Свет

Холандските туристи масовно си заминуваат од Хрватска

Холандските туристи масовно си заминуваат од Хрватска
Dik 300x250 mk

По објавувањето на одлуката на холандската влада да ја стави Хрватска на портокаловата листа поради коронавирусот, голем дел од туристите од Холандија кои престојуваа во камповите на северот на Истра ги спакуваа куферите и си заминаа, пишува „Јутарњи лист“.

Холандските туристи ќе ги продолжат своите одмори во соседните земји за да не мора да се изолираат откако ќе се вратат во Холандија.

„Многу холандски туристи си заминаа синоќа. Секако, започна и масовно откажување на аранжманите за наредниот период. Тоа е удар врз истарскиот и хрватскиот туризам од секој поглед, затоа што Холанѓаните почнаа полека да се враќаат на почетокот на јули, и поголем број туристи од Холандија дојдоа токму овој викенд“, рече директорот на Хрватското здружение за кампување, Адријано Палман.

Тој додава дека викендов влегле 9.537 холандски туристи  и оствариле 40.969 ноќевања.

Холандија во вторникот ја стави Хрватска на портокаловата листа заради зголемување на бројот на заразени лица, а на Холанѓаните им се препорачува кога ќе се вратат во земјата да поминат 14 дена во самоизолација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп