Утрински Весник
Македонија

Управниот суд денеска ќе ги разгледува тужбите на Левица

Левица досега поднесе 425 приговори за изборите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Управниот суд денеска на јавна седница ќе ги разгледува тужбите поднесени од политичката партија Левица. Партијата до судот поднесе 101 тужба, по однос на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентарните избори.

До судот вчера стигнаа уште шест тужби, од кои две од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, две поднела политичката партија Демократи, една од Единствена Македонија и Коалиција “Никогаш Северна само Македонија”, и  1 тужба од МОРО – Работничка партија.

Претходно судот отфрли 40 тужби поднесени од Алијанса за Албанците/Алтернатива и една од Интегра. Алијанса/Интегра поднеле вкупно 75 тужби.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија по приговорите за парламентарните избори. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа комисијата ќе им издаде уверенија на избраните пратеници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лишен од слобода возачот кој денеска попладне со возило во скопски Чаир удри во дете и избега

Ги нападнал малолетните деца и сопругата, со помош од фамилијата нападнал и полицајци: кривична за тројца кумановци

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка