Утрински Весник
Спорт

Џенова го доби градското дерби, Пандев го одигра целиот натпревар

Џенова го доби градското дерби, Пандев го одигра целиот натпревар

Џанова во градското дерби против Сампдорија забележа важна победа во борбата за осптанок. Џенова во чии редови целиот натпревар го одигра Горан Пандев ја задржа предноста над Лече од четири бода на табелата. Лече во ова коло славеше над Бреша 3.1. Во ова коло Рома го декласира СПАЛ со 6:1, додека Интер не успеа да слави над Фиорентина, мечот заврши без голови.

Лерагер ѝ донесе важна победа на Џенова против Самдорија. Данскиот интернационалец го совлада Аудеро во 72 минута. Претходно ВАР на лерагер му поништи гол на истекот на првиот дел.

Претходно капитенот Кришито во 22 минута постигна гол за Џенова, а искусниот Габиадини израмни 10 минути подоцна.

Џенова на 17 позиција има 35 бода, три повеќе од Лече. Екипата на Лече во ова коло ја победи Бреша 3:1 со двата гола на Лападула.

> Џенова го доби градското дерби, Пандев го одигра целиот натпревар <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување