Утрински Весник
Македонија

(Видео) Се запали возило во центарот на Скопје

(Видео) Се запали возило во центарот на Скопје

Во центарот на Скопје се запали возило, при што се зафатени уште три автомобили коишто биле паркирани во негова близина.

Возилото се запали на булеварот „ВМРО“ спроти „Македонска пошта“. На местото на пожарот пристигнаа пожарникарски возила, а полицијата направи записник.

Пожарот е пријавен во противпожарната единица во 13.32 часот, а бил изгаснат откако на терен биле испратени две возила и осум пожарникари.

Случајот во полиција го пријавиле жителите на околните згради кои го забележале возилото како гори.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ЗОШТО ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ МОРА ДА СЕ ПОЛАГА САМО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК?

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија – САД

Јавна расправа за „Нацрт-Национална стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026-2033“