Утрински Весник
Македонија

Левица поднесе 101 тужба против ДИК: Секој наш приговор бил шаблонски одбиен за помалку од три секунди

Левица поднесе 101 тужба против ДИК: Секој наш приговор бил шаблонски одбиен за помалку од три секунди

Правниот тим на Левица, до архивата на Управниот суд утрово поднесе 101 тужба против ДИК за изборни нерегуларности, преку кои, како што смеатaат од партијата, украдени им се тројца пратеници.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека образложенијата на побиваните решенија на ДИК се изработени на „темплејт“, т.е. однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај, што е недозволиво за една државна институција. Истите се штури и банални и изобилуваат со цитирање на неповрзани членови од Изборниот законик, без воопшто да се впушти во материјално расправање за она што беше предочено во приговорите“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека просечното време на решавање на ДИК по секој приговор е три секунди.

Од Левица велат дека очигледен е фактот оти членовите на ДИК не направиле ни елементарен обид за да можат да одлучуваат по наводите изнесени во поднесените приговори.

„Не е направен, ниту дозволен никаков увид во изборниот материјал од критичните избирачки места, што е пречекорување на дискреционите овластвуања на ДИК и одбивање да постапат по службена должност, согласно нивните надлежности“, истакнуваат од партијата.

Од таму очекуваат дека Управниот суд ќе ги усвои тужбите и ќе го поништи гласањето во оспорените гласачки места.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?