Утрински Весник
Свет

Дуа Липа се огласи: Секогаш кога ќе објавам нешто за Косово, настанува хаос

Дуа Липа се огласи: Секогаш кога ќе објавам нешто за Косово, настанува хаос

Пејачката Дуа Липа (24) откако предизвика бурни реакции во јавноста по објавата на картата на „голема Албанија“ на Инстаграм се огласи и порача дека сите заслужуваме да бидеме горди на своето потекло. Таа вели дека секогаш кога ќе објави нешто за Косово, настанува хаос во коментарите.

„Намерата на мојот претходен пост не беше да предизвикам омраза. Многу сум тажна и лута што мојата објава беше погрешно сфатена од страна на некои групи и поединци кои промовираат етничка раздвоеност, нешто што јас строго го одбивам. Секогаш кога ќе објавам нешто за Косово, во коментарите настанува хаос, дури и ако се работи за убави работи како што се храна и музика, и се соочувам со силен отпор кон автентичната косовска култура“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on

Липа додава дека сите заслужуваме да бидеме горди на своето потекло.

„Само сакам мојата земја да биде претставена на картите и да можам со гордост да зборувам за своите албански корени и матичната земја. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да учат и да слушаат едни од други. Мир, љубов и почит кон сите“, напиша британската пејачка со албанско потекло.

Претходно, Липа објави фотографија од „голема Албанија“ на социјалните мрежи и побара од „Епл“ на својата мапа да го смести Косово како независна држава, а која ќе опфаќа делови на денешна Србија, Грција, Македонија и Црна Гора.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење