Утрински Весник
Македонија

Османи: Потребна е Влада што ќе гарантира стабилност и европска перспектива

Османи: Потребна е Влада што ќе гарантира стабилност и европска перспектива

Вицепремиерот задолжен за европски прашања и Главен преговарач со Европската Унија, Бујар Османи, денес оствари средба со Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, Самуел Жбогар.

На средбата било разговарано за текот на изборите и постизборната атмосфера во насока на политичката стабилност на земјата.

„Во сложени околности под притисок на предизвиците од пандемијата имавме фер, слободни и компетитивни избори на кои граѓаните покажаа политичка зрелост, потврдувајќи ја европската перспектива на земјата“, истакна Османи, изразувајќи притоа надеж дека европската перспектива ќе биде потврдена и во пост-изборниот период при создавањето на новото политичко мнозинство.

„На земјата и е потребна стабилна и функционална Влада, со европска перспектива, која ќе може адекватно да се подготви и да ги започне претстојните преговорите со Европската Унија, како и да биде гарант за регионалната стабилност при решавање на важните регионални прашања“, посочи Османи.

Вицепремиерот изрази задоволство од постигнатиот консензус во Европската Унија за повеќегодишната финансиска рамка, поздравувајќи го притоа и зголемувањето на средствата предвидени за земјите од Западниот Балкан за 10%.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожари на повеќе локации во Струмица

Вчера шест обиди за измами со лажен лекар или полициски службеник на подрачјето на СВР Велес

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР, стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата