Утрински Весник
Свет

Во Харков приведени осомничени соучесници на терористот од Луцк

Во Харков приведени осомничени соучесници на терористот од Луцк
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинската полиција уапси осомничени соучесници на човекот кој држеше 13 лица како заложници во градот Луцк, соопшти главниот портпарол на украинското Министерство за внатрешни работи, Артјом Шевченко, пренесува ТАСС.

„Лица со одредени врски со гавниот осомничен] беа приведени во Харков“, рече портпаролот, без да даде дополнителни информации.

Во меѓувреме, „Њузрум“ објави, повикувајќи се на сопствени полициски извори, дека 43-годишен осомничен соучесник е приведен во заедничка операција од полицијата и Службата за безбедност на Украина.

Прелиминарните информации сугерираат дека човекот кој го киднапираше автобусот во Луцк претходно испратил пакет до неговиот соучесник во Харков. При претресот на неговиот стан, полициските службеници заплениле неколку гранати Ф-1 и РГД, пиштоли ТТ со придушувач и шаржери со муниција.

„Во моментот полицијата и Службата за безбедност на Украина го пребаруваат местото каде што живее оваа личност. Иследниците го сослушуваат притвореникот“, соопшти полицијата.

Министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков, подоцна ја потврди информацијата, но не образложи за бројот на притворените соучесници.

.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ: Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија

Путин тврди дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина