Утрински Весник
Свет

СЗО: Загрижува ситуацијата со коронавирусот на Балканот

СЗО: Загрижува ситуацијата со коронавирусот на Балканот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Епидемиолошката состојба и трендовите со коронавирусот кои владеат на југот на Европа и на Балканот се загрижувачки, изјави денеска Мајк Рајан, шеф на секторот за вонредни ситуации при Светската здравствена организација (СЗО).

„Нема сомнение дека фокусот на пандемијата е во Северна и Јужна Америка, но ширењето на вирусот исто така зема замав и во Африка“, рече Рајан за време на интервју за ирското радио „Њузток“.

„Иако земјите од Западна Европа успеаја да ја стават под контрола епидемијата, се појавија загрижувачки трендови во јужна Европа и на Балканот. Сè уште не ја напуштивме зоната на ризик во Европа. Епидемиолошката состојба бара продолжена будност и претпазливост”, предупреди Мајк Рајан од СЗО.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година