Утрински Весник
Свет

Мајк Помпео упати сериозни обвиненија против шефот на СЗО

Мајк Помпео упати сериозни обвиненија против шефот на СЗО

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, им рече на британските законодавци дека претседателот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејзус е „купен“ од кинеската влада, се наведува во соопштениео.

Помпео на состанокот зад затворени врати пред поканетите пратеници изјави дека своите обвиненија ги темели врз цврсти разузнавачки основи, но не даде детали, јавуваат „Тајмс“ и другите медиуми.

Весникот цитира повеќе извори кои присуствуваа на настан одржан во Лондон, организиран од десничарскиот истражувачки центар за надворешна политика на здружението „Хенри Џексон“.

„Кога водата дојде до грло, кога навистина беше важно, кога се случи пандемијата во Кина, д-р Тедрос … кој го купи кинеската влада (…)“, ги наведува „Телеграф“ зборовите на Помпео.

„Не можам да кажам повеќе, но можам да кажам дека ова што ви го кажувам е засновано на цврсти разузнавачки основи, имаше договор за изборот на Тедрос, и кога водата дојде до грло, добивте мртви Британци“, рече тој.

Помпео и државниот секретар на САД Доналд Трамп остро го критикуваа одговорот на СЗО на пандемијата на коронавирус и ја обвинија дека и помага на Кина да ја прикрие почетната сериозност на состојбата и изворот на вирусот.

Но, тие претходно не тврдеа дека Теодрос го „купила“ Кина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната