Утрински Весник
Спорт

Модриќ: Зидан е клучот на успехот сезонава, ја потврди класата!

Модриќ: Зидан е клучот на успехот сезонава, ја потврди класата!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ по освојувањето на Ла Лига стигна во Хрватска, во својата куќа во Задар. Тој за „Спортске новости“ откри зошто оваа титула посебно му значи и кој е најзаслужен за успехот на Реал Мадрид.

„За мене оваа титула е потврда дека можам да играм во континуитет, да бидам протагонист, а не статист. Потврда дека ова и понатаму е голем Реал и навивачите може да бидат среќни. Не дилема дека тренерот Зидан беше клучната личност за пресвртот во сезоната. Ја потврди класата, уште еднаш се покажа како врвна личност. Створи на свој препознатлив начин одлична атмосфера. Тој дава смиреност, многу е коректен во пристапот на играчите“ рече Модриќ.

Хрватот вели дека често разговараат, очекува искреност и не е проблем ако не го гледа во првата екипа, но играчот од средниот ред вели дека сака да го знае својот статус, дали е моментно или на долг рок.

„Зидан ми кажа дека е многу задоволен од мојата работа, со пристапот и рече само да продолжам така. Немал дилеми околу моите способности“ вели тој.

Модриќ вели дека сака да го сруши стеротипот во Реал дека офанзивните играчи над 35 години ретко траат.

„Реал е мојата куќа, но знам дека овде играчите од среден ред и напаѓачите ретко ги задржуваат по 35 години. Јас успеав и тоа не ми е подарено, туку го заслужив со работа. Ако Реал процени дека не сум веќе истиот, подготвен сум и на таа несакана опција“ вели хрватскиот фудбалер.

> Модриќ: Зидан е клучот на успехот сезонава, ја потврди класата! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување