Утрински Весник
Свет

Терористот од Луцк се предал по видео-обраќањето на претседателот Зеленски

Терористот од Луцк се предал по видео-обраќањето на претседателот Зеленски

Човекот кој киднапираше патнички автобус во украинскиот град Луцк се предал откако го видел видео-обраќањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави заменик-началникот на претседателскиит кабинет, Кирил Тимошенко, пренесува ТАСС.

„Претседател реши да комуницира со терористот, имаше телефонски разговор. Претседателот разговараше со него подолго време, 15 минути или можеби помалку, и го убеди да ослободи три лица. Потоа претседателот донесе одлука да го објави видеото што сите сте го виделе, за да се обезбеди ослободување на преостанатите заложници. Тоа беше договорот “, рече тој.

Како што го побарал киднаперот, Зеленски претходно во вторникот објави кратко видео на својата страница на Фејсбук. Во клипот што трае шест секунди, Зеленски вели дека секој мора да го гледа американскиот документарец од 2005 година ‘ Земјани’. Документарецот во режија на активистот за правата на животните, Шон Монсон, ја разгледува човековата експлоатација на животните за храна, облека, забава и за научни истражувања.

Киднаперот ги објави своите барања во објава на Твитер. Тој инсистираше одредени постари судии, министри, обвинители, законодавци и свештеници – вкупно 24 лица – да снимат и да објават на „Јутјуб“ изјави дека се терористи. Тој исто така побара претседателот Зеленски да сними и да објави на интернет апел за гледање  на „Земјани“.

Видеото беше избришано од профилот на Зеленски веднаш откако заложниците беа ослободени.

По апсењето на киднаперот, медиумите во Украина објавија дека тој имал претходно криминално досие.  Украинската служба за безбедност започна кривична постапка против него под обвинение за тероризам.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков