Утрински Весник
Свет

Повеќе од 5.000 активни случаи на коронавирус во Чешка

Повеќе од 5.000 активни случаи на коронавирус во Чешка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бројот на активни случаи на коронавирус во Чешка надмина 5.000, за прв пат откако лабораториите забележаа најголемо дневно зголемување за речиси еден месец, соопшти Министерството за здравство.

Досега се регистрирани 212 нови инфекции, а вкупниот број се искачи на 5.046. Вкупниот број на пациенти, вклучувајќи ги и оние кои оздравеле или починале, е 14.324.

Во таа земја со 10,7 милиони жители, 360 луѓе починале од „Ковид-19“, многу помалку отколку во многу западноевропски земји.

Сепак, бројот на заразени лица се зголемува во Чешка, особено по жариштето во рудникот во регионот Моравјан-Шлезија, на североистокот на земјата, и таму повторно се на сила некои рестриктивни мерки.

Покрај задолжителното носење маски и скратено работно време во рестораните, особено е контролиран влезот на прекугранични работници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година

Кремљ: Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија