ЈП Водовод и канализација – Скопје повторно апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.
Од претпријатието соопштија дека во текот на последните инспекциски контроли било извршено исклучување на диви водоводни приклучоци кои се употребувале за полевање на ниви во Матка. Против сопствениците се поднесени пријави за кривично дело.
Дивите приклучоци се забранети со закон. ЈП Водовод и канализација – Скопје, потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. Претпријатието исто така апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба.
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, истите да ги пријават на еден од следните контакти:
– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– 02 3240 300, Дирекција
– [email protected]
– www.vodovod-skopje.com.mk
– www.facebook.com/jpvodovod.skopje