Утрински Весник
Свет

Тајланд ја продолжи вонредната состојба

Тајланд ја продолжи вонредната состојба

Тајланд ќе ја продолжи вонредната состојба до крајот на август, со цел да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот, изјави Сомсак Рунгзита, генерален секретар на Советот за национална безбедност, пренесува Ројтерс.

Оваа изјава на висок ранг на тајландски службеник беше дадена по цели два месеци, без нови потврдени случаи на локално пренесување на инфекцијата, па голем број Тајланѓани се прашуваат дали е навистина уште неопходно да се одржи вонредна состојба во земјата.

Генералниот секретар на Советот за национална безбедност посочи дека указот за продолжување вонредната состојба е неопходен затоа што лекарите го бараат тоа од државата, но и затоа што Тајланд е сè повеќе отворен за рестартирање на меѓународната деловна соработка и туризам со цел да се рестартира националната економија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот