Утрински Весник
Магазин

Серена Вилијамс горда дека ќерката е делумен сопственик на женски фудбалски тим

Серена Вилијамс горда дека ќерката е делумен сопственик на женски фудбалски тим
Dik 300x250 mk

Серена Вилијамс во вторникот се појави на „Инстаграм приказни“ за да ја сподели веста дека нејзината двегодишна ќерка Алексис Олимпија Аханиан Јуниор е меѓу сопствениците на женски фудбалски тим во најава.

38-годишната тенисерка сподели за своите 12.5 милиони следачи на Инстаграм рамка на која пишува „Горд сопственик на Angel City со фотографии од ќерката и фудбалска топка.

Текстот на објавата гласи: „Нова ера на спорт и забава во Лос Анџелес. Формирање на женски фудбалски клуб. Клубот во најава го носи името Angel City.“

 

Тениската ѕвезда ѝ остава наследство на ќерката со својот сопруг – технолошки магнат и ко-основач на „Редит“, Алексис Аханиан (37). Тие работеа со актерката Натали Портман и голем број партнери од висок профил за да помогнат во финансирањето на спортскиот тим.

Серена и неколку холивудски ѕвезди решија да формираат фудбалски тим со помош на инвеститори од технолошкиот и медиумски сектор.Натали Портман, Ева Лонгорија, Џенифер Гарнер, Узо Адуба, Америка Ферара, и неколку други ѕвезди се вклучени во проектот. Сопругот на Серена е впишан во листата основачи. Меѓу сопствениците е вбројана и нивната двегодишната ќерка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk

Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети

Растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив