Во изминатите пет дена специјална полициска единица отстранила 420 човечки трупови од улиците, автомобили и напуштени станови.
Телата биле во боливиската административна престолнина Ла Паз и најголемиот град во таа земја, Санта Круз, објави АП.
Полицискиот полковник Иван Рохас, началник на оваа специјална полициска единица, изјави дека се претпоставува дека 80 до 90 проценти од пронајдените починале како резултат на Ковид-19.
Според боливискиот Институт за форензика, од 1 април до 19 јули специјализираните служби пронашле вкупно 3.016 тела на улиците кои се најверојатно жртви на смртоносниот вирус.
Заклучно со вторникот на полноќ, во Боливија официјално потврдени се 60.991 случај на Ковид-19 и 2.218 починати од ова заболување.