Утрински Весник
Магазин

Канје Вест откри дека сопругата Ким сакала да го затвори дома

Канје Вест откри дека сопругата Ким сакала да го затвори дома
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот рапер Канје Вест доцна во понеделникот објави низа твитови во кои напиша дека неговата сопруга Ким Кардашијан се обидела да го заклучи од здравствени причини, споредувајќи се себеси со Нелсон Мандела и сугерирајќи дека хоророр филмот „Излези“ (Get Out) од 2017 година се заснова на неговиот живот.

Доцните вечерни активности на неговиот официјален профил на Твитер – поголемиот дел од кој беше избришан неколку часа подоцна – доаѓаат еден ден по започнувањето на неговата претседателска кампања со хаотичен митинг во Чарлстон, Јужна Каролина.

Во говорот пред насобраните поддржувачи, насолзениот Вест рече дека тој и сопругата Ким Кардашијан решиле да не ја прекине бременоста.

„Ким се обиде да лета во Вајоминг со доктор за да ме заклучи како на филмот „ Излези “затоа што плачев за спасување на животот на мојата ќерка вчера“, напиша Вест во еден од твитовите што подоцна беше избришан.

Вест (43) ги остави гласачите да се чудат околу тоа дали неговата кампања е вистинска или е реклама што ќе ја зголеми продажбата на албуми.

Тој подоцна твитна дека неговиот нов албум „Донда“, насловен по неговата покојна мајка, ќе биде објавен во петок. Потоа во неколку твитови пишуваше за „Излези“, хорор филм за расни односи. „Сите знаат дека филмот е за мене“.

Неколку следачи на Твитер го прашаа дали е добро.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит

Заштита на домашните миленици од петарди и огномет

Која рака боли непосредно пред срцев удар: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате!