Утрински Весник
Свет

Во САД над 1.000 починати во еден ден, за прв пат од почетокот на јуни

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Во САД се евидентирани над 1.000 смртни случаи поврзани со коронавирус во еден ден, за прв пат од почетокот на јуни. Според Ројтерс, откако неколку недели опаѓаше бројот на жртвите, минатата недела заклучно со 19 јули биле регистрирани повеќе од 5.200 смртни случаи на Ковид-19.

Тоа е втора недела по ред како бројот на загинати се зголемува. Речиси 142.000 Американци починале како резултат на заразата со коронавирус, а експертите предупредуваат дека тој број веројатно ќе се зголеми, со оглед на новите рекордни броеви на нови случаи на инфекција и зголемениот број хоспитализирани во бројни држави.

Најголем број на смртни случаи во САД е регистриран во април, кога во земјата умираа просечно по 2.000 луѓе секој ден.Бројот на починати паѓаше бавно, достигнувајќи просечно 1.300 смртни случаи на ден во мај и под 800 под ден на ден во јуни, пренесува Ројтерс.

Досега во јули, 17 држави објавија рекорден број на пациенти кои моментално се хоспитализирани за Ковид-19, а девет држави објавија нови рекорди во вторникот, вклучувајќи ги Алабама, Тексас и Калифорнија. На Флорида, над 40 болници објавија дека нивниот капацитет е исполнет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 93 лица го загубија животот во одрони и свлечишта во Индија, 250 лица се спасени

Руската морнарица почна со вежби, учествуваат 20.000 луѓе

Нови саботажи: возот од Амстердам мораше да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници