Утрински Весник
Македонија

Груевски повеќе не е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Груевски повеќе не е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повеќе не е почесен претседател на партијата. Ова е предвидено со новиот статут кој денеска го донесе Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува односно ниту Никола Груевски, ниту било кој друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели. Такво нешто статутот не предвидува“, изјави Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, исто така, кажа дека е ограничен и мандатот на претседателот на партијата на четири години.

„ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија на Балканот која што со статус го ограничува бројот на мандати на високи на функционери на партијата, а ова ограничување се однесува и на претседателот на партијата. Во иднина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандати на регуларен избор, евентуално би можел да добие и трет мандат, но само доколку биде подржан од 2/3 од телата кои што го бираат во конкретниот случај кога говориме за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е конгресот“, кажа Тошковски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!