Утрински Весник
Спорт

Сити доминантен на „Викариџ Роуд“, Вотфорд ќе навива за други до крајот

Сити доминантен на „Викариџ Роуд“, Вотфорд ќе навива за други до крајот

Со убедливи 4-0, Манчестер Сити вечерва славеше триумф на „Викариџ Роуд“ против екипата на Вотфорд.

Овој пораз дополнително ќе ги замрси сметките на домаќините кои вечерва ќе навиваат за нивниот противник во последното коло – лондонски Арсенал.

„Топчиите“ вечерва гостуваат на „Вила парк“ кај Астон Вила. Доколку домашните триумфираат ќе се израмнат со бројот на бодови со Вотфорд и една од овие две екипи ќе биде третиот патник во Чемпионшип по одигрувањето на последното коло.

Инаку, денеска Вотфорд беше потполно надигран од „граѓаните.

Уште во првото полувреме со двата гола на Стерлинг, во 31 и 40 минута стана јасно дека бодовите ќе патуваат за Манчестер. Истиот играч во во 40 минута најпрво не реализираше пенал, а во повторениот обид успеа топката да ја смести во противничката мрежа.

Третиот гол на Сити во 63 минута беше дело на Фоден, а точка на мечот стави Лапорт во 66 минута.

> Сити доминантен на „Викариџ Роуд“, Вотфорд ќе навива за други до крајот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување