Утрински Весник
Македонија

Обвинителката Ристоска ги пронајде двете кучиња

Со помош на соседите пронајдена една од хаските на обвинителката Ристоска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обвинителката Ленче Ристоска, која денеска на социјалните мрежи напиша дека ѝ се украдени двете хаски, објави дека кучињата се пронајдени.

Астра е дома благодарение на Јована!
Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме…

Posted by Lence Ristoska on Tuesday, July 21, 2020

„Астра е дома благодарение на Јована! Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат.. Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни“, напиша Ристоска на „Фејсбук“.

Обвинителката утрово објави дека од нивниот семеен двор во тетовското село Лешок ноќеска им биле украдени две слепи хаски, кои мора да се лекуваат поради нивната лоша здравствена состојба.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Условна казна за напаѓачот на ,,Инфомакс”

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Сообраќајот се одвива непречено, патот Прилеп – Битола времено затворен од попладне