Кристијано Роналдо со двата вчерашни гола против Лацио постави неколку голгетерски рекорди.
Стана првиот фудбалер кој постигна 50 гола во Премиерлига, Ла Лига и во Серија А.
Во италијанското првенство тоа му успеа по најмалку одиграни натпревари, 61, со што е подобар од Андреј Шевченко кој до 50-ката стигна по 68 меча.
На бразилскиот Роналдо истиот подвиг му успеа по 70 меча, а Трезеге до топ-50 стигна по 78 меча.
Португалецот е убедливо највозрасен од споменатите. До 50 гола во Серија А стигна со 35 години.
Вториот синоќешен гол му беше 30-ти првенствен. Така стана третиот во историјата на Јувентус кој постигна толку погодоци. Фелис Борел постигнал 31 гол во сезоната 1933/34, а Џон Хансен постигнал 30 гола во сезоната 1951/52.
Цели 68 години Јуве чекаше голгетер од ваков калибар, нешто во што не успеаја Омар Сивори, Паоло Роси, Мишел Платини, Алесандро Дел Пиеро, Давид Трезеге…
Сега му преостанува да го сруши рекордот на соиграчот Гонзало Игуаин кој пред 4 години со Наполи постигна 36 првенствени гола.
> Јувентус го чекаше Кристијано Роналдо уште од 1952 година <