Утрински Весник
Свет

Британскиот парламентарен комитет смета дека РТ и „Спутник“ се агенти на влијание

Британскиот парламентарен комитет смета дека РТ и „Спутник“ се агенти на влијание

Русија спроведува кампањи за дезинформации и се обидува да наметне политичко влијание особено преку работењето на каналот РТ и новинската агенција „Спутник“, тврди извештајот на Комитетот за разузнавање и безбедност на британскиот парламент, објавен денеска.

„Руското промовирање на дезинформациите и нејзините обиди за пошироко политичко влијание е масовно присутно. Примерите вклучуваат: употреба на државните традиционални медиуми: опен-сорс студиите покажаа сериозни нарушувања во известувањата на руските државни радиодифузери како РТ и Спутник “, се вели во извештајот.

Покрај тоа, во документот се забележува дека комитетот укажува на употреба на ботови и тролови на социјалните мрежи, операции како хакирање и протекување и реално политичко мешање.

Минатиот јули Офком, британскиот регулатор за медиуми, ја казни РТ со 200.000 фунти тврдејќи дека ги прекршила правилата на непристрасност и точност во голем број извештаи и програми што го покриваа труењето на поранешниот рускиот разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери како и вооружениот конфликт во Сирија.

Во март 2020 година, Врховниот суд во Лондон го отфрли барањето на РТ да ја поништи паричната казна и да ги прифати тврдењата на каналот дека непристрасноста е во спротивност со принципот на слободно изразување на мислења.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет