Утрински Весник
Спорт

Алаба би останал во Баерн за 20 милиони евра годишно

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Давид Алаба се подготвува да ги напушти редовите на Баерн Михен. Австриецот на клупските челници им поставил еден услов за да го продолжи договорот. Алаба бара плата со која би станал еден од најплатените играчи во Европа.

Менаџерот на Алаба, Пини Захави, истакнал дека неговиот клиент е еден од најдобрите дефанзивци во светот. Поради тоа тој од Баерн за својот клиент побарал годишна плата од 20 милиони евра.

Баерн сигурно нема да ги прифати овие услови. Најголема плата во клубот има најдобриот играч и стрелец, Роберт Левандовски. Полјакот годишно заработува 15 милиони евра.

Давид Алаба потекнува од школата на Баерн. Со исклучок на 2011 година кога играше на позајмица во Хофенхајм, тој целата досегашна кариера ја минал во Минхен.

> Алаба би останал во Баерн за 20 милиони евра годишно <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пелистер испадна во Втора лига, Шкендија Арачиново го сочува прволигашкиот статус

ПСЖ повторно е крал на Европа! Арсенал падна по пенал-драма во Будимпешта

Европа чека нов или стар шампион – ПСЖ и Арсенал за трофејот од Лигата на шампионите