Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: СДСМ изврши масовен предизборен поткуп од над 100 милиони евра, а ЈО молчи

(Видео) Ѓорѓиевски: СДСМ изврши масовен предизборен поткуп од над 100 милиони евра, а ЈО молчи

Главниот проект на СДСМ кој го реализира во ова тригодишно владеење е поткупот на изборите кој го спроведе масовно и неконтролирано, обвини на денешната прес-конференција, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓеиевски.

Во контекст на ова тој нагласи дека непосредно пред изборите, пуштени биле во промет платежните картички со кои што илјадници граѓани добиле од 100 до 200 евра.

„На два дена пред избори, кршејќи ги законите, СДСМ подели десетици илјади картички за зелена нафта помеѓу земјоделците при што потроши дополнително 200 милиони денари или 3,5 милиони евра. На истиот начин, две недели пред тоа Владата преку Генералниот секретаријат подели половина милион евра на 40 невладини организации“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, во текот на целиот период од завршувањето на вонредната состојба до денот на изборите, биле делени пари за фирмите во висина од 100 милиони евра.

Таканаречената помош за стопанството ја добија само одбрани фирми, а сега гледаме и зошто. На целиот институционален поткуп му следеше и теренски, црни пари во кеш, кои беа делени два дена пред и на самиот ден на изборите. Во Штип во посед на едно лице беа фатени 40 лични карти, кои исто така биле дел од поткуп шема. Масовен поткуп, на 29 места е регистриран и на денот на избори, на разни локации низ државата. А регистрирани се неколку носења на лица до гласачко место. ЈО и институциите задолжени за расчистување на овие случаи молчат“, обвини Ѓорѓиевски кој додаде дека Јавното обвинителство мора да реагира и да покрене постапки против овие случаи за да ја одбрани правната држава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во новиот трговски центар во Битола

САД ќе бидат многу поактивни во дијалогот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија добие стабилна влада

Кујтим Ибиши на чело на дирекцијата за финансиско разузнавање, „Вреди“ најавува бескомпромисна борба против корупцијата