Утрински Весник
Свет

Грета Тунберг изрази незадоволство од договорот на лидерите на ЕУ за планот за закрепнување

Грета Тунберг изрази незадоволство од договорот на лидерите на ЕУ за планот за закрепнување
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европските лидери на социјалните мрежи изразуваат одушевување поради постигнатиот договор за планот за закрепнување на ЕУ по пандемијата на коронавирус вреден 750 милијарди евра и седумгодишниот буџет од 1074 милијарди евра.

Сите не се воодушевени од договорот. Грета Тунберг, шведска активистка за клима, изрази незадоволство на „Твитер“.

„Како што се очекуваше, договорот резултираше со убави зборови, некои нејасни, далечни и нецелосни климатски цели, кои е речиси невозможно да се следат, и целосно негирање на климатската неопходност“, објави младата шведска активистка.

„Сè додека се согласуваме да ја играме нивната игра, според нивните правила, сè што ќе добиеме ќе бидат трошки леб. Можеме да имаме колку што сакате средби, но сè додека климатската криза не почне да се третира како криза, неопходните активности ќе изостанат”, додаде Грета Тунберг.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година