Утрински Весник
Свет

Пет деца загинаа во тешка сообраќајка во Франција

Пет деца загинаа во тешка сообраќајка во Франција

Пет деца загинаа во сообраќајна несреќа на најпрометниот француски автопат А7.

Несреќата се случила кога возилото во кое патувало деветчлено семејство се превртело, а потоа се запалило, објави АП.

Три возрасни лица и едно дете биле пренесени во болница со сериозни повреди.

Возачот, од засега непознати причини, изгубил контрола над возилото, кое излетало од автопатотот и се превртело неколку пати, сè додека, во пламен, не сопрело во нива покрај патот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД се договорија да купуваат руски дизел, ЕУ нема да го следи Вашингтон

Се урна француски воен авион, eден член на екипажот загина, друг е исчезнат

Двајца убиени во напад на облакодер во Киев