Утрински Весник
Свет

Српски лекари бараат смена на Кризниот штаб

Српски лекари бараат смена на Кризниот штаб

Група од околу 350 лекари во Србија, под името „Обединети против Ковид“, во отворено писмо до Владата и други надлежни институции, се оградуваат од републичкиот Кризен штаб за борба против Ковид-19 и бараат негова смена. Тие оценуваат дека Србија се наоѓа во јавно-здравствена катастрофа.

Лекарите кои го потпишале отвореното писмо бараат да се формира нов Кризен штаб, да се испитаат обвинувањата за прикривање на податоците и да се запре „заплашувањето и политизацијата кои го нарушуваат личното достоинство на здравствените работници“.

Тие во писмото додаваат дека одлучиле да се појават во јавност затоа што не гледаат друго решение за катастрофата на јавното здравство во кое се наоѓа Србија, по епидемијата на коронавирус, како и дека Хипократовата заклетва и општата етика ги обврзуваат на тоа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ШОУ СО 7.000 ДРОНОВИ И ПОЗНАТИ ЅВЕЗДИ НА СЦЕНА! Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток

Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција