Утрински Весник
Македонија

Таткото на Боки 13 во случајот „Меѓународен сојуз“: Ме правите криминалец на 60 години

Таткото на Боки 13 во случајот „Меѓународен сојуз“: Ме правите криминалец на 60 години

Заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, пратеничката Фросина Ременски, како и самиот Бојан Јовановски пред судот се изјаснија дека не чувствуваат вина во случајот „Меѓународен сојуз“ кој го води обвинителката Вилма Русковска, а во кој се сомничат за дела измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Откако на самиот старт обвинителката Русковска го извести судот дека републичкиот обвинител Љубомир Јовески го отфрлил барањето на обвинетите Ременски и Јовановски, таа даде и воведен збор пред судечкиот совет. Според Русковска, хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ функционирала со лаги и била лажно прикажана дека е под покровителство на Европската Унија. Таа кажа дека парите кои биле земани од бизнисмените, Адријан Амзоски и Сиљан Мицев за наводни проекти за старечки домови, биле уплаќани на сметките на згаснатата „1ТВ“ и „БМЈ Медиа груп“ од страна на Миле Јовановски и Јасна Мандиќ кои беа дел од сопственичката структура на двете фирми.

„Обвинителството има несоборливи докази за сите обвинувања и пред судот ќе ја докаже вината на сите обвинети, кажа Русковска во воведните зборови.

Таткото на Бојан, обвинетиот Миле Јовановски пред судот кажа дека ништо од тоа што го кажала Русковска не е точно.

„Не разбирам. Ме правите криминалец на 60 години“, искоментира Јовановски по што беше прекинат од судијката Софче Гаврилова-Ефремова која му кажа дека не треба да коментира, туку само да каже дали чувствува вина или не.

Според обвинението, Бојан Јовановски како претседател на Меѓународен сојуз имал намера за себе да прибави имотна корист, па користеjќи документи од сојузот, оштетил управители на друштва со што ги довел во заблуда. Јовановски лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од државата, на оштетените преку Македонска авторска агенција му исплатиле 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.

Во измамата на Бојан Јовановски, според Обвинителството, му помагале пратеничката Фросина Ременски, неговата заменичка – Јасна Мандиќ и асистентката. Мандиќ и асистентката ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на Јовановски. Иако знаејќи од каде потекнуваат парите, односно дека се земени со сторено кривично дело, тие со умисла му помагале и да ги пушти во промет.

Обвинителството го сомничи Миле Јовановски дека тој знаел од каде потекнуваат парите и со умисла му помогнал на својот син Бојан Јовановски да ги пушти во оптек, со што ги уплаќал парите на своја девизна сметка, а дел од нив ги уплаќал на правните лица како позајмица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација