Утрински Весник
Свет

Романија ја врати вонредната состојба, делови од земјата повторно во карантин

Романија ја врати вонредната состојба, делови од земјата повторно во карантин

Премиерот на Романија, Лудовик Орбан, изјави дека вонредната состојба ќе биде вратена на сите места каде што дневно се регистрираат илјадници или повеќе заболени, јави романската агенција „Агерпрес“.

Орбан објасни дека загрозените рурални и урбани населби можат да бидат вратени во карантински услови, во зависност од ситуацијата.

„Не смееме да чекаме некој од нашите најблиски да настрада од коронавирус за да се разбудиме и да почнеме да дејствуваме, туку мора да го прифатиме фактот дека опасен вирус е тука, меѓу нас, дека убива и дека луѓето можат многу лесно да се разболат“, предупреди романскиот премиер.

Романија во последниве денови бележи рекорди во бројот на заболени од почетокот на пандемијата. Најголем проблем се граѓаните кои не веруваат во постоењето на коронавирусот.

Неодамна, во болница во Темишвар починал човек, кој иако бил сместен на интензивна нега, одбил да прима терапија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години