Утрински Весник
Свет

Хрватска доби 22 милијарди евра од пакетот на ЕУ

Хрватска доби 22 милијарди евра од пакетот на ЕУ

После пет дена маратонски преговор, лидерите на државите членки на ЕУ, собрани во Европскиот совет под водство на Чарлс Мишел, конечно постигнаа договор за пакетот за помош Next Generation EU и повеќегодишната финансиска рамка, односно за буџетот на ЕУ во наредните 7 години, јави „Јутарњи лист“.

Севкупно, договорениот пакет тежи дури 1,83 трилиони евра (1.830 милијарди евра).

Хрватска добива вкупно 22 милијарди евра од фондот за опоравување од коронавирусот и седумгодишниот буџет, двојно повеќе пари отколку што досега имала преку сите фондови на ЕУ. Утрово, ова го истакна и премиерот Андреј Пленковиќ на својот профил на „Твитер“.

„Заврши состанокот #EUCO. Ги усвоивме #NextGenerationEU и #EUBudget за следните седум години. Донесуваме 22 милијарди евра, што е гаранција за брзо закрепнување на економијата и натамошен балансиран развој на земјата“, напиша Пленковиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“

ЕК ја казни компанијата „Али експрес“ со 550 милиони евра 

Русија тврди дека пет лица загинале во украински напад со дрон врз автобус во Белгород