Утрински Весник
Свет

Русите тврдат дека имаат вакцина за Ковид-19

Доброволците кои примија вакцина против коронавирус во Русија се чувствуваат добро

Готова е првата руска вакцина против Ковид-19 создадена од воени експерти и научници од Националниот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, рече првиот заменик министер за одбрана на Русија, Руслан Цаликов.

Тој за весникот „Аргументи и факти“ изјави дека специјалисти од Министерството за одбрана и научници од Центарот веќе направиле конечни проценки за резултатите од тестирањето на вакцината.

„Сите волонтери, без исклучок, создадоа имунитет против коронавирусот и се чувствуваа нормално, така што првата домашна вакцина против овој вирус е подготвена“, истакна Цаликов.

Руското Министерство за индустрија и трговија изјави за ТАСС дека документите на 30 јуни се доставени до Министерството за здравство за регистрација на вакцината, а дозвола за тестирање на вакцината е издадена претходно во јуни. Министерството за одбрана вчера соопшти дека заедно со Центарот успешно го завршило клиничкото тестирање на вакцината врз волонтерите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силен земјотрес вечерва ја погоди Романија

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Њујорк Тајмс: САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина