Утрински Весник
Магазин

Амбер Херд: Џони Деп многу пати се закануваше дека ќе ме убие

Амбер Херд: Џони Деп многу пати се закануваше дека ќе ме убие

Амбер Херд, која беше повикана да сведочи во Високиот суд во Лондон по тужбата на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп за клевета, во понеделникот изјави дека тој многу пати ѝ се заканувал дека ќе ја убие.

Во судницата, исто како и во нејзината писмена изјава доставена до лондонскиот суд, таа тврди дека била жртва на тридневна заложничка ситуација, и дека во текот на тие три дена Деп бил издрогиран и пијан. Херд го обвини Деп за вербално и физичко насилство, постојани закани, удирање, застрашувачко однесување… „Некои инциденти беа толку сериозни што се плашев дека ќе ме убие, намерно, или со губење на контрола“, рече таа.

Холивудскиот актер Џони Деп го тужи издавачот на британскиот весник „Сан“ и извршниот уредник Ден Вутон за клевета во врска со статија што го опишува како „тепач на сопругата“.

Деп веќе сведочеше во лондонскиот Висок суд, а неделава сведочи неговата поранешна сопруга која го обвинува за семејно насилство, наводи кои тој ги негира тврдејќи дека всушност таа била насилникот во нивниот брак.

Адвокатите на „Сан“ и понатаму тврдат дека наводите во написот на весникот се точни и дека Деп ја тепал Херд во напади на бес под дејство на алкохол и дрога, или кога ја обвинувал за неверство.

„Со цел да избегнеме какво било сомневање, тврдам дека никогаш не сум ја злоставувал г-ѓа Херд, или која било друга жена, во мојот живот“, вели Деп во писмената изјава како сведок. Неговиот правен тим тврди дека статијата во британскиот таблоид предизвикала сериозна штета на неговиот углед.

Деп (57) и Херд (34) се запознаа за време на снимањето на филмот The Rum Diary (2011) и се венчаа во февруари 2015 година. Херд поднесе барање за развод 15 месеци подоцна. Разводот беше финализиран во 2017 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тим од десетина професионалци, врвна опрема и артистични сцени – Лара Иванова за прв пат објавува серијал од четири нови песни и видео записи 

Најчестите реченици во устата на манипулаторот

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци