Утрински Весник
Магазин

Освоил џекпот од 950 милиони долари, па дошол маскиран за да ја подигне наградата

Освоил џекпот од 950 милиони долари, па дошол маскиран за да ја подигне наградата

Победникот на лотаријата дошол да го пoдигне џекпотот од 950 милиони американски долари облечен како Дарт Вејдер за да го заштити својот идентитет.

Човекот, познат само како В. Браун, го уплатил добитното ливче во спортскиот бар „Ди енд“ на Јамајка. Тој наводно никому не му не открил дека го освоил џекпотот објаснувајќи дека голем број играчи на лотарија стравуваат за својата безбедност по освојувањето толкави награди, пишува „Индекс“.

Браун исто така вели дека првин сака да одлучи што да прави со парите пред да потроши нешто. Тој единствено им кажал на новинарите дека сака да купи автобус. „Имав тежок живот, потекнувам од сиромашно семејство. Честопати не можев да одам на училиште затоа што моите родители не можеа да си го дозволат тоа, но си реков себеси дека еден ден Бог ќе ми помогне и дека ќе можам да му помогнам на моето семејство“, рече тој.

„За жал, Јамајка не е како другите пазари. На другите пазари луѓето не мора да се кријат. Сметаме дека сите победници се одлучуваат на ова за да се заштитат себеси. Ние нема да ѝ го забраниме тоа бидејќи нивната безбедност е од пресудно значење за нас“, рекоа од лотаријата.

„Луѓето доаѓаат со маски. Обично не бараат помош од нас и многу се креативни“, порачаа од лотаријата, пишува „Индекс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тим од десетина професионалци, врвна опрема и артистични сцени – Лара Иванова за прв пат објавува серијал од четири нови песни и видео записи 

Најчестите реченици во устата на манипулаторот

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци